УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Фешн Груп Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.teacolours.mk.

Користењето на оваа веб страница значи дека сте  запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТA

Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел

Подружница 1. Tea Colours Toy Store

Ул.Љубљанска бр.4  City Mall , 2ри спрат

Подружница 2. Tea Colours Toy Store

Ул.Динитрие Чуповски бр.3 Скопје , Центар ( Рекорд )

email: teacolors@gmail.com

WEB: www.teacolours.mk

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

1. Општи одредби

Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел е строго забрането. Прекршување на општите услови  за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

2. Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)

 Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.teacolours.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

 Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

3. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

4. Кориснички блог

Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Фешн Груп, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Избор на производи                                 

На почетната страница поставено е главно мени каде може да избере разгледување на производите според категорија бренд или според категорија вид на производи: машки, женски и бебешки.  Со избор на брендови се отвара паѓачко мени со листа на сите брендови достапни во онлајн продавницата. Со избор на производи машки, женски или детски се отвора паѓачко мени со секции и групи на производи.

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, категорија и сл.

При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под галеријата на производот поле “Опис”. Во тоа поле ќе можете да го видите неговиот состав и неговите спецификации. Со притискање на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Напомена – доколку вкупниот износ производите во кошничката е под 1.000 денари, испораката е на трошок на купувачот и чини 150.00 денари од пратка во или надвор од Скопје.

Плаќање

Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка или во готово.

Секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), заради дополнителна потврда на достапноста на нарачаниот производ. Во работни денови авторизацијата се врши од 09:00 до 17:00 часот. Во тој период ќе добиете повратна информација дека купопродажбата е затворена.

Информациите за авторизацијата за купопродажбите по 17:00 часот во работни денови се доставуваат наредниот ден.

Информациите за авторизацијата за време на викенди и празници се доставуваат првиот работен ден.

Достава

Рокот на испорака е до 5 работни дена. Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02/5052355  или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата onlineshop@teacolours.mk  и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.

Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена

Замена за производот може да извршите и продавниците на Теа Колорс.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите Купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно  деловните пракси  со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме УНИБанка АД Скопје која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите. Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Инфинити ЛТД Фешн Енд Тоис Груп дооел има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

  • Регистрација
Ја заборави лозинката? Ве молиме внесете го вашето Корисничко име или E-mail адреса. Откако ќе го притиснете копчето "Сакам нова лозинка" проверете ја вашата E-mail адреса, доколку не успеете да го најдете испратениот E-mail ве молиме проверете во spam сандачето.